Достапни линкови

Брз развој на малолетничко престапништво во Прилеп


Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“.

Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“.

Граѓанските организации кои работат во интерес на младите констатирале дека во првата половина од 2014 година малолетничката деликвенција во Прилеп е зголемен за 5 отсто во однос на 2013 година, пишува Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Со донесувањето на Законот за малолетничка правда во 2007 година се даде можност за формирање на Државен совет за превенција на малолетничко престапништво, со што и во рамките на општините низ земјата да се формираат и Општински совети за превенција на малолетничко престапништво. Во општина Прилеп, според последниот попис во 2002 година, живеат 76.768 жители од кои 73.351 во градот.

Негативните ефекти од економско-социјалните состојби во општина Прилеп стануваат јасно видливи кога ќе се разгледуваат низ призмата на поединците.

Советот на општина Прилеп на својата претпоследна седница во декември 2013 година даде зелено светло за формирање на Општински совет за превенција на малолетничко престапништво, совет кој брои 30 членови од различни актери од локалната заедница.

Негативните ефекти од економско-социјалните состојби во општина Прилеп стануваат јасно видливи кога ќе се разгледуваат низ призмата на поединците.

Имено, денес во Прилеп има голем број на млади невработени индивидуи, односно маргинализирани граѓани кои наместо да бидат двигатели во локалната заедница, тие остануваат на периферијата на општествените случувања. Воедно, ова доведува да младата популација која е на маргините на лошата економска состојба можат многу лесно да бидат наклонети кон фрустрираност, депресивност, демотивираност, безнадежност, што често може да резултира со појава на алкохолизам, криминал и проституција.

Реално, во Прилеп постојат многу казина и кладилници каде често младите можат да се видат, да типуваат по некој фикс и да фрлат по некој денар. Но, тешката материјална состојба младите ги тера да излезат од своето семејство и од својот град како и од својата земја и да заминат на печалба во европските земји или, пак, во далечните источни земји, а исто така ги има на бродови, само за подобрување на економско-социјалната состојба.

Според сите дефиниции, под ноќен живот се подразбира поим за разонода. достапна и е повеќе популарна навечер и во раните и утрински часови. Местата можат да бидат најразлични кафеани, кафулиња, ноќни клубови, мали театри, мали кина, претстави и ресторани. Под ноќен живот се подразбира и посетување на јавни куќи кои за наша (не)среќа ги немаме, зошто уште нив да ги имавме тогаш каде би ни бил крајот. Се разбира главни конзументи на овој ноќен живот е младата популација.

Малолетните сторители на кривични дела или децата со антисоцијално поведение, токму поради тие околности можат да бидат маргинализирани и социјално исклучени од семејството, заедницата и општеството, со што се продолжува синџирот за натамошна виктимизација, продолжува или зајакнува деликвентното однесување. Воедно, престапите или однесувањата од малолетниците можат да бидат предизвикани од особено тешки околности како сиромаштија, социјална исклученост, злоупотреба на дроги и алкохол, насилство, лошо образование и слично или, пак, да бидат резултат на адолесценцијата кои може да бидат наивни, несериозни, или, пак, особено дрски, застрашувачки.

Граѓанските организации кои работат во интерес на младите констатирале дека во првата половина од 2014 година малолетничката деликвенција во градот е зголемен за 5 отсто во однос на 2013 година.

Спрема податоците за малолетничко престапништво од граѓанските организации и локалните институции, забележив дека социјалните работници кои биле на увид во полициската станица за приведување на малолетници за 2012 година биле во 5 случаи, додека за истата година во согласност со член 38 од Законот за малолетничка правда од Центарот за социјални работи била изречена мерка на засилен надзор на 9 малолетници. За прв пат на територијата на Македонија во 2012 година се собираат податоци за деца и малолетници жртви на кривични дела од страна на различни институции, така што во СВР Битола каде е дел и полициската станица во Прилеп има пријавено 71 случај, додека Центарот за социјални работи во Прилеп има пријавено четири случаи. Основниот суд во Прилеп во 2012 година на 11 малолетници му има изречено воспитно-дисциплински мерки кои произлегуваат од истоимениот Закон.

Граѓанските организации кои работат во интерес на младите констатирале дека во првата половина од 2014 година малолетничката деликвенција во градот е зголемен за 5 отсто во однос на 2013 година.

Граѓанските организации кои членуваат во општинскиот совет за превенција, како и релевантните институции мора да бидат поактивни на терен, затоа што девијантото однесување на младите е во напреден чекор, а со тоа да се има и зголемена контрола на институциите и инспекторите. Општинскиот совет за превенција на малолетничко престапништво не може целосно да делува со добиената финансиска поддршка од 14 илјади денари, средства кои се одобрени од Советот на општина Прилеп во април 2014 година.

Според одобрените буџетските ставки не може да ги оствари ни основните цели на годишната програма за 2014 година, како што е сензибилизирање и подигање на свеста на заедницата за постоечкиот и растечкиот проблем со малолетничката деликвенција. Сепак, превенцијата на малолетничкото престапништво настојува да ја намали виктимизацијата, но и да го спречи престапништвото во локалната заедница.

XS
SM
MD
LG