Достапни линкови

logo-print

Жерновски става вето на урбанистичките планови


Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски најави дека ќе стави вето на донесените детални урбанистички планови за Тасино Чешмиче и Капиштец-Водно. Жерновски изјави дека во следните 15 дена ќе биде закажано нова седница. Според него, доколку претседавачот Мирослав Шиповиќ остане на истиот став и гласа воздржано плановите нема да бидат усвоени. Ако Шиповиќ гласа за, тогаш Жерновски одлуката ќе ја даде на приспитување во Уставниот суд, а ќе поднесе и претставка до министерот за локална самоуправа.

XS
SM
MD
LG