Достапни линкови

logo-print

Нигерија-Џонатан се сретна со родителите на киднапираните ученички


Нигерискиот претседател Гудлак Џонатан

Нигерискиот претседател Гудлак Џонатан

Нигерискиот претседател Гудлак Џонатан за прв пат се сретна со родителите на девојчињата кои беа киднапирани од милитантите на Боко Харам. Некои од девојчињата кои успеаа да им избегаат на киднаперите исто така присуствуваа на средбата. Милитантите киднапираа ученички од градот Чибок на 14 април. Од 279 девојчиња кои беа киднапирани, 219 се уште се исчезнати. Боко Харам бара да бидат ослободени нивни борци во размена за девојчињата, но претседателот го одби предлогот.

XS
SM
MD
LG