Достапни линкови

Путин: некои го злоупотребуваат падот на авионот


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека некои го злоупотребуваат паѓањето на малезискиот патнички авион во источна Украина. Тој денеска во Москва рече дека Русија прави се што може за да им се дозволи на меѓународните експерти да ја истражат зоната каде што паднал авионот при што загинаа 298 луѓе. Сепак тој уште еднаш ги обвини украинските власти за прекин на едностраното примирје против проруските сепаратисти во источниот дел на земјата. „Доколку примирјето траеше оваа трагедија немаше да се случи“, рече Путин.

XS
SM
MD
LG