Достапни линкови

Анастасијадис против неповратна поделба на Кипар


Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис

Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис

Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис изјави денеска дека не треба да се дозволи поделбата на островот да остане постојана. Тој по повод 40-годишнината од турската инвазија на Кипар, порача дека вооружениот упад е трагичен настан, што ја сменил историјата на земјата.

Според него, прогонувањето на грчкото население од окупираните територии, претворањето на северниот дел од островот во исклучиво кипарско турски, создало во земјата нова реалност. Тој истакна оти постои ризик создадената ситуација да се претвори од времена во постојана и да доведе до „неповратна поделба на Кипар“.

XS
SM
MD
LG