Достапни линкови

Уапсен клучен командант на пакистанските талибанци


Командантот Аднан Рашид.

Командантот Аднан Рашид.

Пакистанските безбедносни сили тврдат дека уапсиле клучен командант на пакистанските талибанци, односно на движењето Техрик-е-Талибан. Командантот Аднан Рашид бил уапсен по престрелка со вооружените сили во племенската област во Јужен Вазиристан. Талибанците го потврдија неговото апсење. Рашид е осуден на смрт поради неговата наводна поврзаност со нападот врз поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф во 2003 година. Тој ја чекаше егзекуцијата во затворот во градот Бану, кога милитантите упаднаа во затворот во 2012 година и го ослободија заедно со уште 400 други затвореници. Според некои информации, тој ја предводел талибанската група за ослободување затвореници од пакистанските затвори.

XS
SM
MD
LG