Достапни линкови

Уапсен еден од лидерите на талибанците во Пакистан


Аднан Рашид

Аднан Рашид

Пакистанските безбедносни сили соопштија дека уапсиле еден од клучните лидери на талибанците во земјата. Според нив, Аднан Рашид бил уапсен по престрелката во покраината Северен Вазиристан. Рашид беше обвинет и осуден на смрт за неговата наводна улога во нападот на поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф во 2003 година. Но, во 2012 година беше ослободен од милитантите кои го нападнаа затворот каде Рашид ја отслужуваше казната.

XS
SM
MD
LG