Достапни линкови

Германските фудбалери пречекани од огромен број фанови


Германската фудбалска репрезентација при пристигнувањето на аеродромот Тегел во Берлин беше пречекана од огромен број на фанови кои ја слават четвртата титула на земјата на Светските првенства. Капитенот на репрезентацијата Филип Лам излезе од авионот носејќи го трофејот, кој го освоија по победата над Аргентина од еден спрема нула во финалето. Од аеродромот фудбалерите ќе се упатат накај центарот на градот, каде ќе продолжи прославата за победата.

XS
SM
MD
LG