Достапни линкови

Најмалку 30 жени убиени во рација во Багдад


Речиси 30 луѓе, повеќето од нив жени, се убиени во напад на вооружени лица врз станбен комплекс во Багдад. Полицијата соопшти дека вооружени лица извршиле напад врз две згради во населба во источен Багдад. Според првичните извештаи бројот на жртвите е 33, а од нив 29 се жени. Најмалку десетина други биле повредени. Се уште не е јасен мотивот за убиствата. Неименувани извори за агенцијата Асошиејтед Прес изјавиле дека зградите наводно биле користени за проституција. Според очевидци неколку луѓе биле уапсени веднаш по убиствата.

XS
SM
MD
LG