Достапни линкови

Русија потпиша договор за нуклеарна соработка со Аргентина


Рускиот претседател Владимир Путин потпиша договор за соработка за нуклеарна енергија со Аргентина за време на посетата на Буенос Аирес. Путин и претседателката Кристина Фернандез изјавија дека руската корпорација за атомска енергија Росатом ќе биде вклучена во изградбата на уште две единици на постоечка фабрика. Аргентина го има еден од најголемите депозити на нафтени шкрилци и гас во светот, но само неколку компании направија заложби за развој на таа област оти многумина стравуваат од интервенционистичката енергетската политика на владата. Фернандез изјави дека членовите на руската делегација заедно со со Путин ќе го посетат објектот Вака Муерта во провинцијата Нукуен.

XS
SM
MD
LG