Достапни линкови

Нови жртви во израелските напади врз Газа


Три лица загинале, а четворица други биле ранети во денешниот воздушен напад на израелските сили врз Газа. Со тоа, според болнички извори, бројот на палестинските жртви во израелската офанзива во текот на минатата ноќ, се покачил на 20 загинати. Цел на нападот бил западниот дел на Газа. Израелската војска соопшти дека во текот на ноќта погодила 322 цели и позиции на Хамас, или вкупно 750 од почетокот на офанзивата во вторникот. Војската исто така соопшти дека пресретнала ракета истрелана од појасот Газа кон Тел Авив. Неколку експлозии го потресоа јужниот дел на градот. Оруженото крило на Хамас ја презеде одговорноста за нападите. За најновиот развој на ситуацијата денеска ќе заседава Советот за безбедност на Обединетите нации.

XS
SM
MD
LG