Достапни линкови

Москва му даде агреман на новиот американски амбасадор Тефт


Москва соопшти дека ја одобри кандидатурата на новиот американски амбасадор во Русија, Џон Тефт. Помошник на претседателот Владимир Путин, за надворешна политика, Јуриј Ушаков, изјави дека "агреманот е даден".

Ушаков изјави дека добро го познава Тефт и го нарече дипломат од прва класа. Џон Тефт е познат по својата поддршка за про западната политика на Украина и Грузија. Тој претходно работел како американски пратеник во овие земји.

XS
SM
MD
LG