Достапни линкови

Газпром-Долгот на Украина изнесува над 5 милијарди долари


Директорот на руската енергетска компанија Газпром, Алексеи Милер

Директорот на руската енергетска компанија Газпром, Алексеи Милер

Директорот на руската енергетска компанија Газпром, Алексеи Милер изјави денеска дека долгот на Украина за гасот се зголемил дополнителни 838 милиони долари, откако Киев не успеа да ја исплати испораката во првата половина на јуни. Според него, вкупниот долг на Украина сега изнесува 5,3 милијарди долари.

Тој нагласи дека неподготвеноста на Украина да плати за испораката на гасот покажала дека одлуката за промена на наплатата била коректна. Газпром ја прекина испорката на гас во Украина и соопшти дека во иднина земјата ќе треба однапред да плати.

XS
SM
MD
LG