Достапни линкови

САД со предупредување до Авганистан


Американскиот државен секретар Џон Кери денеска предупреди дека секој обид за освојување на власта во Авганистан на нелегален начин ќе ја доведе во прашање меѓународната помош за таа земја. До ова доаѓа откако првичните резултатите од претседателските избори предизвикаа спор меѓу двајцата кандидати. Кери изрази длабока загриженост за извештаите за можна паралелна влада и додаде дека Вашингтон очекува да бидат истражени сите наводи за неправилности при гласањето. Според резултатите од изборите одржани на 14 јуни, Ашран Гани добил 56, а неговиот ривал Абдула Абдула над 43 насто од гласовите. Претставник на Абдула резултатите ги оцени како удар врз волјата на народот.

XS
SM
MD
LG