Достапни линкови

Пораки со сочуство за смртта на Шеварднаѕе


Поранешниот грузиски претседател Едуард Шеварднаѕе.

Поранешниот грузиски претседател Едуард Шеварднаѕе.

Светските лидери испраќаат сочуство за смртта на поранешниот грузиски претседател Едуард Шеварднаѕе, кој почина на 86 годишна возраст во Тбилиси по долго боледување. Рускиот претседател Владимир Путин му изрази длабоко сочуство на грузискиот народ. Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов го нарече Шеварднаѕе човек со многу таленти кој бил искрен поддржувач на новите начини на размислување за глобалните прашања. Шеварднаѕе се појави на светската сцена во 1985 година, кога советскиот лидер Михаил Горбачов го именуваше за министер за надворешни работи.

XS
SM
MD
LG