Достапни линкови

Сиси посакува затворените новинари на Ал Џазеира да биле депортирани


Египетскиот претседател Абдел Фатех ал-Сиси.

Египетскиот претседател Абдел Фатех ал-Сиси.

Египетскиот претседател Абдел Фатех ал-Сиси изјави дека посакува тројцата затворени новинари на Ал Џазеира да биле депортирани, наместо судени. Минатиот месец, египетскиот суд ги осуди тројцата новинари на казни од 7 до 10 години затвор, што предизвика голема меѓународна осуда. Во изјава за египетски весник, Сиси вели дека пресудата имала многу негативни последици. Претходно, веднаш по објавувањето на пресудата, тој рече дека нема да се меша во одлуките на судот. Аналитичарите сметаат дека неговите последни изјави можеби значат дека тој може да ги искористи неговите претседателски овластувања да ги помилува новинарите. Тројцата новинари, кои беа притворени во декември, беа осудени за помагање „терористичка група“, при што се мисли на сега веќе забранетото Муслиманско братство, со емитување лаги. Вашингтон оцени дека се работи за „застрашувачки, драконски казни“, кои треба да бидат укинати.

XS
SM
MD
LG