Достапни линкови

Силните ветрови го отежнуваат гаснењето на пожарите во Грција


Илустрација.

Илустрација.

Грчката противпожарна служба соопшти дека пожарот што избувна вчера на островот Крит, сè уште не е под контрола, поради силните ветрови што дуваат во областа. Во гаснењето на пожарот учествуваат 17 противпожарни возила и околу 50 пожарникари, четири специјални единици, два хеликоптери, многу волонтери и локални жители.

Инаку пожари горат и северно од Атина и во областа Магнисија, чие гаснење исто така е отежнато поради силните ветрови.

Грчката Цивилна заштита предупреди дека опасноста од пожари е исклучително висока и ги повика властите да бидат подготвени за евентуални нови огнови.

XS
SM
MD
LG