Достапни линкови

Нови разговори за украинската криза


Министрите за надворешни работи на Украина, Русија, Франција и Германија денеска во Берлин треба да разговараат за украинската криза, објавија медиумите повикувајќи се на француски дипломатски извори. До разговорите доаѓа откако украинските сили ја продолжија операцијата против проруските сепаратисти на истокот на земјата по 10-дневниот прекин на огнот. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговиот украински колега Петро Порошенко „ја преземал одговорноста за почнувањето борбени дејствија во Украина“. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во телефонски разговор му рекол на неговиот американски колега Џон Кери дека одлуката на Порошенко да не го продолжи прекинот на огнот започнува „нов циклус крвопролевања со последици непредвидливи за украинската држава“, информира руското Министерство за надворешни работи.

XS
SM
MD
LG