Достапни линкови

logo-print

Прилепските бранители бараат социјални бенефиции


Перо Ташкоски, бранител.

Перо Ташкоски, бранител.

Со социјални проблеми се соочуваат преку 60 отсто од околу 1.200 бранители, членови на прилепското Здружение на резервни воени.

Тричленото семејство на прилепскиот бранител Перо Ташкоски живее со 7.000 денари надоместок што го добива сопругата, која неодамна е прогласена за технолошки вишок на прилепски Еурокомпозит. Перо има 52 , а само три ипол години работен стаж, што го стекнал во „Лозар-Кавадарци“ и во Кикинда, кога таму живеел со сопругата.

Живееме со 7.100 денари што ги доби сопругата, а до тогаш немаше ништо, од 2.000-1.500-3.000 денари, толку носеше сопругата порано, и каде побрзо тие пари, дали за храна за детето, дали за облека, дали за лекување.

Се борел со немаштијата, саделе тутун, за да преживеат, а за одбрана на Македонија во 2001-та вели не мислел, ни минута. Навечер му јавиле, а веќе изутрината го оставил семејството без заштитник и заминал во борбените редови со своите колеги од Прилеп. Во месеците поминати во рововите, вели, дека го изгубил здравјето, сепак среќен е што е жив. А, има постојана потреба од лекарска помош и нега. Но, многу е загрижен за иднината на својот 11 годишен син, бидејќи пари за живот немаат доволно.

Перо Ташкоски.

Перо Ташкоски.

„Живееме со 7.100 денари што ги доби сопругата, а до тогаш немаше ништо, од 2.000-1.500-3.000 денари, толку носеше сопругата порано, и каде побрзо тие пари, дали за храна за детето, дали за облека, дали за лекување. Јас работа барам постојано и ми велат -ти си стар и не можеш никаква работа да работиш, и сега разочаран сум целосно и не можам да заработам. Кога ќе бидат избори, гласање сите идат да земат гласови и од тоа ништо нема“, се жали Ташкоски.

Осма во деветта година влегува во владеење најпатриотската партија во Република Македонија да речам, ВМРО-ДПМНЕ, а ги заборави своите синови, своите деца ги заборави.

Со овие социјални проблеми се соочуваат преку 60 отсто од околу 1.200 бранители, членови на прилепското Здружение на резервни воени обврзници, кои го бранеа суверенитетот и интегритетот на Македонија во 2001 и 2002 година.

„Ослободување од учество со лични средства при користење на здравствени услуги,тоа ни е првото и најосновното барање, веќе сите попаднаа луѓево, имате многу примери. Второ вработувањето. Кои се на договор, кои не се вработени и тие на државно ги немаме мислам во здружениево, пензионериве само што останаа со 7.000 до 8.000 денари. Потоа станбеното згрижување, правата во областа на образованието, надомест за рехабилитација, работниот стаж го бараме во двојно траење во смисла на деновите поминати на терен, некоја семејна пензија, за тие што не можат да ја остварат и одбележување на местата каде што се загинати припадници на безбедносните сили“, изјави Рубин Секулоски, претседател на прилепското Здружение на резервни воени обврзници.

Бранителите реагираат и велат дека се чувствуваат дискриминирани, бидејќи ниту едно нивно право не е остварено. Тие се со апел до властите.

„Осма во деветта година влегува во владеење најпатриотската партија во Република Македонија да речам, ВМРО-ДПМНЕ, а ги заборави своите синови, своите деца ги заборави. Ние не појдовме таму за во Сирија, или во некоја друга држава, ние си појдовме за државата-таму, оти ние се колневме, сите овие се заколнати дека ќе го бранат Уставот и поредокот на државата“, додава Секулоски.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG