Достапни линкови

ЕУ со препораки до Албанија по кандидатскиот статус


Европскиот Совет за општи работи по доделувањето на кандидатскиот статус на Албанија соопшти дека земјата треба да дејствува решително на сите препораки во извештајот на Европската Комисија и да ги интензивира своите напори за да се обезбеди одржлива, сеопфатна и инклузивна имплементацијата на клучните приоритети.

Препораките се однесуваат на реформите на јавната администрација и судството, борбата против организираниот криминалот и корупцијата, заштитата на човековите права и недискриминациски политики, вклучително и во областа на малцинствата и нивниот еднаков третман, како и имплементација на правата на имот. Советот, исто така, очекува Албанија да ја интензивира својата поддршка за навремено намалување на миграторните притисоци врз ЕУ.

XS
SM
MD
LG