Достапни линкови

Обвинение за злосторства против човештвото во Романија


Александру Висинесцу

Александру Висинесцу

Романското обвинителство соопшти дека поранешниот шеф на еден од затворите за време на комунизмот Александру Висинесцу ќе му се суди за злосторства против човештвото. Висинесцу е обвинет за претепувањето и прегладнувањето на десетици политички затвореници додека ја извршувал неговата функција.
88 годишниот Висинесцу раководел со затворот Рамницу Сарат помеѓу 1956 и 1963 година во времето на комунистичката репресија против дисидентите. Според обвинителството, некои од затворениците починале поради психичка и метална тортура и поради тоа што биле лишени од храна и медицинска нега.
XS
SM
MD
LG