Достапни линкови

Суарез: подготвен сум и едвај чекам да заиграм


Уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез изјави дека целосно заздравил од повредата на коленото и оти ќе го искористи своето познаење за англискиот фудбал во средбата со таа селекција на Светското првенство. „Сто насто сум подготвен и имам голема желба да им помогнам на моите соиграчи“, изјави Суарес пред втората средба на неговата репрезентација на Мундијалот. Уругвај во првиот меч загуби од Костарика, а Англија беше поразена од Италија. Тој изјави дека одлично ги познава сите 23 играчи од списокот на селекторот на Англија Рој Хоџсон. Уругвај и Англија играат в четврток во Сао Пауло.
XS
SM
MD
LG