Достапни линкови

Вучиќ: Иднината на „Јужен поток“ не зависи од Србија


Иднината на проектот „Јужен поток“ не зависи од Србија, туку од договорот меѓу Русија и Европската унија, изјави денеска српскиот премиер Александар Вучиќ на прес-конференција во Берлин.

Србија, според Вучиќ, се наоѓа во „специфична положба“, бидејќи рускиот „Газпром“ е сопственик на контролниот пакет акции на српската нафтена компанија НИС.

Вучиќ во понеделникот изјави дека Србија не ја одложила изградбата на гасоводот „Јужен поток“.
XS
SM
MD
LG