Достапни линкови

Во Косово се одржуваат предвремени парламентарни избори


Во Косово утрово почнаа предвремените парламентарни избори на кои Хашим Тачи се обидува да добие трет премиерски мандат. Поранешниот политички лидер на Ослободителната армија на Косово е актуелен премиер и претседател на Демократската партија на Косово. Но политичките аналитичари велат дека голем дел од популацијата во земјата нема илузии околу немањето економски напредок, а официјалната бројка на невработеност е околу 35 отсто.
Денешното гласање ќе го одреди составот на новиот парламент кој потоа го избира идниот премиер и претседател. Парламентот има 120 членови со три годишен мандат. Од оваа бројка, 100 места се одредени со пропорционален изборен модел, а 20 места се за пратениците од националните малцинства.
XS
SM
MD
LG