Достапни линкови

logo-print

Почна фестивалот на уличен театар "Баскерфест 2014"


Со настап на групата Алдруби (Танцот на балоните) од Нови Сад, Србија, синоќа во Скопје, на платото пред споменикот на Методија Андонов Ченто, почна десетдневниот Фестивал на уличен театар „Баскерфест 2014“.
Град Скопје девети пат е покровител на манифестацијата која официјално ја отвори градоначалникот Коце Трајановски.
“ Верувам дека во овие десеттина дена заеднички ќе уживаме во спектакуларните изведби на уличните атристи, претварјќи го нашиот главен град во театар на отворено и со зголемен адреналин ќе го почувствуваме шармот на Скопје” рече Трајановски.
Деветтото издание на уличниот театар под отворено небо, „Баскерфест 2014“ ќе се одржи низ цела Македонија, во 21 општина. Прв град кој беше домаќин на Баскер караванот со има над 150 улични артисти, музичари и театри, беше Гевгелија. Скопје ќе биде домаќин на „Баскерфест 2014“ од 6 до 15 јуни, а покрај на плоштадот „Македонија“ на кој има три бини, две за настап на уличните артисти и една музичка, програмата ќе се одвива и на уште две локации, „Пивница Стар град“ во Старата скопска чаршија, и „Градска плажа парк“ на кејот позади Градскиот парк.
Град Скопје за одржување на фестивалот и годинава од Буџетот издвои околу 900.000 денари.
XS
SM
MD
LG