Достапни линкови

Грција го поддржува доделувањето на кандидатски статус на Албанија


Официјална Атина го поддржува доделувањето на статусот - кандидат за членство во Европската унија на Албанија, јави агенцијата АНА-МПА.
Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Константинос Кутрас изјави дека Грција веќе се произнесла во декември 2013 година за доделување кандидатски статус на Албанија и оти и натаму верува дека земјата постигнала значајни, видливи резултати и покажала политичка волја да спроведе конкретни реформи на својот европски пат.
Кутрас додаде и дека како актуелен претседавач на Советот на ЕУ, Грција ќе се стреми да издејствува консензус меѓу државите членки на Унијата, за на Албанија да и биде доделен кандидатскиот статус.
Пред три дена, Европската комисија препорача на Албанија да и биде доделен кандидатски статус, а конечната одлука ќе ја донесат лидерите на ЕУ, на самитот во Брисел на 26 и 27 јуни.
XS
SM
MD
LG