Достапни линкови

Продолжува операцијата на украинските сили во Славјанск


Киев соопшти дека украинските сили вршат притисок врз про руските бунтовници кои го контролираат Славјанск во источна Украина.

Според украинските власти, над 300 сепаратистички борци загинале, а околу 500 биле повредени во изминатите 24 часа, но сепаратистите ова го негираат. Украинскиот портпарол Владислав Селезнов изјави дека двајца војници загинале, а 45 биле повредени во офанзивата. При тоа биле оштетени и два воени хеликоптера.

Националната гарда на Украина соопшти и дека нејзините сили морале да ја напуштат воената база во источниот град Луханск откако по 10-часовна престрелка со про-рускиот сепаратисти им снемало муниција.
XS
SM
MD
LG