Достапни линкови

Шпанскиот крал Хуан Карлос абдицира


Шпанскиот крал Хуан Карлос

Шпанскиот крал Хуан Карлос

Шпанскиот крал Хуан Карлос абдицира по скоро 40 години на тронот што сега ќе го преземе неговиот син принцот Фелипе. Шпанскиот премиер Мариано Рахој денеска соопшти дека кралот се повлекува поради лични причини. 76 годишниот Хуан Карлос помогна во тивката демократска транзиција на земјата по неколкудеценското владеење на диктаторот Франциско Франко. Во изминативе неколку години тој ја загуби поддршката од јавноста поради корупциски скандали во кои била вовлечена неговата ќерка принцезата Кристина.
XS
SM
MD
LG