Достапни линкови

Украински воен хеликоптер соборен кај Славјанск, 14 загинати


Про-руските сепаратисти денеска собориле украински воен хеликоптер во источна Украина, при што загинале 14 војници, вклучувајки и еден генерал, соопшти во парламентот во Киев привремениот украински претседател Олександр Турчинов. Терористите со против-воздушен проектил собориле наш хеликоптер во близина на Савјанск, кој пренесувал војници на должност, изјави Турчинов. Украинските медиуми претходно јавија дека се водат жестоки броби во близина на Славјанск. Во текот на изминатата ноќ имало борби и во регионот на Луганск. И двете страни јавија дека има жртви.
XS
SM
MD
LG