Достапни линкови

Сноуден - работев како шпион на сите нивоа


Бившиот американски разузнавач а сега бегалец под заштита на Русија, Едвард Сноуден изјави дека бил " обучен како прикриен шпион" и оти работел во странство за разузнавачките агенции.

Говорејќи во интервјуто во Москва за американската телевизиска мрежа NBC, Сноуден со тоа ги негира тврдењата дека бил само извршител од понизок ранг.

Сноуден тврдеше дела работел на сите нивоа, од дното на теренот па се до врвот. Сноуден беше обвинет во САД за шпионажа по протекување детали за програмите за надзор.
XS
SM
MD
LG