Достапни линкови

Голем успех на екстремните партии на изборите за Европскиот парламент


На изборите за Европскиот парламент, што се одржуваа во сите земји членки на ЕУ во изминатите неколку дена, според првите неофицијални резултати, најмногу пратенички места освоиле конзервативците од Европската народна партија- 211, додека социјалистите се на второ место со 193 пратеници.
Екстремните партии и од левицата и од десницата имаат поголем број освоени места во парламентот, со што се зголемува бројот на законодавци кои се сметаат за попријателски кон рускиот претседател Владимир Путин отколку најголемите партии. Според првите проекции, овие партии со освоени 120 до 140 места, речиси ќе го удвојат нивното присуство во парламентот.
Излезните анкети покажуваат дека крајно- левите и десните партии завршиле како први во Франција, Грција и Данска, а се очекува да поминат добро и во Австрија и Британија. Најголемиот шок на ноќта е успехот на француската партија Национален фронт, која најверојатно ќе има 24 пратеници, наместо три колку што имаше во 2009 година.
Одзивот на гласачите бил 43,1 процент, што е приближно исто со претходните избори во 2009-та, кога излезноста беше точно 43 насто.
XS
SM
MD
LG