Достапни линкови

Германија стравува од судири при посетата на Ердоган


Германски официјални лица се подготвуваат за потенцијални судири кои би можеле да се случат при денешната посета на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на Келн. Унијата на европската турска партија рече дека очекува илјадници поддржувачи на Ердоган на митингот што тие го организираат во келнската арена, каде што Ердоган треба да зборува. Низ градот, повеќе од 10.000 главно турски противници планираат да протестираат против Ердоган. Германската полиција се распоредени така да може да спречи судир на различните фракции. Но, градоначалникот на Келн, Јирген Ротерс рече дека"тоа нема да биде лесно", и го повика Ердоган да остане дома.
XS
SM
MD
LG