Достапни линкови

Управниот суд ја отфрли тужбата од СДСМ за пратеничките мандати


Управниот суд денеска ја отфрли како недозволена тужбата поднесена од СДСМ, со која бараше поништување на одлуката на Собранието на Република Македонија за верификација на мандатите.
На официјалната страница на Управниот суд стои дека тужбата е недозволена, а на правниот застапник на СДСМ му дава рок од 15 дена одлуката да ја обжалат до Вишиот управен суд.
- Пред Управниот суд не може да се поведе управен спор за работи, за кои врз основа на уставните овластувања директно одлучува Собранието, се наведува во судската одлука.
XS
SM
MD
LG