Достапни линкови

Во Србија евакуирани над 30 илјади луѓе


На територијата на Србија досега се евакуирани 31.873 лица од загрозените подрачја, поплавени се 2.260 објекти, а загрозени се уште 1.763, соопшти синоќа Министерството за внатрешни работи на Србија.
Досега се ангажирани 3.564 пожарникари-спасувачи, 847 возила, 429 пумпи и 141 чамец. Припадниците на спасувачките единици евакуирале 7.450 лица, а спасиле 4.713.
Од подрачјето на Обреновац досега се евидентирани 24.000 евакуирани лица. Евакуацијата продолжува, а на загрозените жители им се доставуваат вода, храна и други неопходни средства, се вели во соопштението.
XS
SM
MD
LG