Достапни линкови

Расмусен во посета на Романија


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска ќе ја посети Романија. Во писмената изјава од Алијансата се вели дека во текот на овие два дена Расмусен ќе разговара со претседателот Трајан Басеску, премиерот Виктор Понта и со други високи официјални лица. Патувањето на Расмусен во Букурешт доаѓа пред посетата на американскиот заменик-претседател Џо Бајден во Романија планиран за следната недела. Белата куќа соопшти дека Бајден ќе пристигне во Романија на 20 мај, за да разговара околу нелегалната воена интервенција на Русија во Украина, која се граничи со Романија. Во соопштението од Белата Куќа се наведува дека Бајден ќе ја подвлече посветеноста на САД во колективната одбрана на НАТО во согласно со член 5.
XS
SM
MD
LG