Достапни линкови

logo-print

Уапсени, па ослободени седум членови на Црвениот крст во Доњецк


Седум членови на Црвениот крст осомничени за шпионажа кои утринава беа уапсени во Доњецк,се ослободени. Претходно,претставници на проруските сили кои бараат автономија на Доњецката област соопштија дека лицата биле уапсени синоќа и дека се сомничат за шпионажа. Локалните медиуми соопштија дека меѓу седумте приведени е еден француски државјанин. Како што јавува Ројтерс, еде од приведените бил тешко претепан. Од ескалацијата на кризата на исткот од Украина, приведени се повеќемина новинари кои беа држени по неколку дена со образложение дека се вклучени во шпонажа.
XS
SM
MD
LG