Достапни линкови

Утре конститутивна седница на осмиот состав на Собранието


Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски потпиша Решение за свикување конститутивна седница на осмиот состав на Собранието на Република Македонија за утре во 13 часот. Според официјалните конечни резултати на ДИК од предвремените парламентрани избори одржани на 27 април, во идниот состав на Парламентот треба да седнат 61 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, 19 од ДУИ, 7 од ДПА и 1 од ГРОМ. Опозицијата предводена од СДСМ освои 34 мандати, но не ги призна изборите и одлучи да не учествува во новиот собраниски состав.
XS
SM
MD
LG