Достапни линкови

logo-print

Десетци жртви во борбите во Мариупол во источна Украина


Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во борбите меѓу украинските безбедносни сили и проруските сепаратисти во градот Мариупол во источна Украина биле убиени 20 „терористи“. Борбите избувнаа кога безбедносните сили нападнаа полициска станица во градот која беше под контрола на проруските милитанти. Руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на сепаратистите, објави дека украинските сили ја опколиле зградата со оклопни возила. Здравствените власти претходно соопштија дека биле убиени тројца луѓе.
XS
SM
MD
LG