Достапни линкови

logo-print

Филмско бегство на Албанец од италијански затвор


Илустрација.

Илустрација.

Триесет и шест годишнен албански државјанин успеал „на филмски начин“ да побегне од италијанскиот затвор „Паглиарели“ во Палермо. Според полицијата, Валентин Фокај ги пресекол железните шипки од прозорецот на ќелијата и се спуштил на земја со чаршаф.

Бил осуден на доживотен затвор за убиство на свој сонародник, како и за разбојништва и други тешки кривични дела и во затворот во Палермо беше однесен во март. Ова не е негово прво бегство од затвор.

Претходно во февруари 2013 година успеал да побегне од затворот во Парма, по по еден месец беше уапсен во Милано.

Затворот „Паглиарели“ е со капацитет од 1.200 затвореници.

Инаку во италијанските затвори казна издржуваат над 67 илјади лица или 22 илјади повеќе од затворските капацитети, а од вкупниот број дури 24.401 лице или 36,1 отсто се странски државјани. Затворениците-странци главно се државјани на Мароко, Романија, Тунис, Албанија и Нигерија. Албанските затвореници се на четврто место, односно нив ги има над 2.700 или 11 отсто од странците.
XS
SM
MD
LG