Достапни линкови

Временска прогноза-сончево со умерена облачност


Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, но попладне ќе настапи дестабилизација со зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд проследени со грмежи особено во западните делови од земјава. Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од 19 до 25 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и во скопското подрачје ќе има појава на краткотраен пороен дожд. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 22 степена.
XS
SM
MD
LG