Достапни линкови

САД ги осудија најавените референдуми во источна Украина


Вашингтон ги осуди, како што ги нарече, „вештачките“ планови на про-руските сепаратистички групи во источна Украина во наредниот викенд да одржат референдуми за самоопределување. Про-руските сепаратисти кои спроведуваат истовремени референдуми, се залагаат за автономија и независност на делови од источна Украина, ситуација слична на онаа со регионалниот референдум на Крим во март, кој доведе до руска анексија на полуостровот.
Говорејќи по состанокот со претставничката на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон, американскиот државен секретар Џон Кери рече: „ние категорично го отфрламе овој нелегален обид за натамошна поделба на Украина. Неговото спроведување ќе предизвика уште повеќе проблеми во напорите за смирување на ситуацијата“. Кери ги нарече референдумите „кримска приказна повторно“, додавајќи оти ниедна цивилизирана нација нема намера да ги признае резултатите на таквите вештачки обиди.
XS
SM
MD
LG