Достапни линкови

Самораспуштање на косовскиот парламент


Парламентот на Косово денеска ќе одржи вонредна седница на која ќе биде прогласено негово распуштање, како предуслов за одржување предвремени парламентарни избори на 8 јуни. Овој договор е постигнат на средбата меѓу лидерите на политичките партии и претседателката Атифете Јахјага, на која присуствувале премиерот и лидер на Демократската партија Хашим Тачи, лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа и потпретседателката на алијансата за ново Косово, Мимоза Кусари-Лила.
Поради новонастанатата ситуација, законот за формирање оружени сили на Косово останува во надлежност на новиот парламент, исто како и законот за загарантирани пратенички места за малцинствата.
XS
SM
MD
LG