Достапни линкови

Амбасадорот на САД, Волерс на средба во СДСМ


Американскиот амбасадор Пол Волерс попладнето имаше средба со лидерите на опозиционата СДСМ за констатираните неправилности од страна на СДСМ, како и за натамошните чекори на опозицијата, по ставот на здружената опозиција за непризнавање на изборниот процес.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, укажа на конкретни примери за системски притисоци врз граѓаните на Република Македанија: поткупи, уцени и закани со дирекна инструментализација на полицијата, непостоечки гласачи во непостоечки влезови на згради и целосна медиумска блокада. Дел од овие системски слабости во Р.Македонија се веќе нотирани во извештаите на американскиот Стејт Департмент. Како еден од последните докази за изедначување на државата со партијата, констатирано и во последниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР, претседателот Заев го посочи непостапувањето на ниту една институција за коруптивниот случај “Македонска банка“ во којшто е директно вмешан премиерот Никола Груевски.
Амбасадорот Пол Волерс изрази интерес за заканите од страна на власта и најави дека САД одблиску ги следат случувањата во Македонија.
XS
SM
MD
LG