Достапни линкови

Македонија и Косово да се вклучат во Јадранско-јонската иницијатива


Илир Мета

Илир Мета

Во Тирана се одржува Конфереција на претседателите на парламентите на земјите членки на Јадранско-јонската иницијатива. Претседателот на албанскиот парламент Илир Мета, како претседавач, во своето обраќање посебно го нагласи значењето од зајакнувањето на соработката меѓу земјите од регионот и проширувањето на оваа иницијатива со вклучување на Македонија и на Косово. Веруваме дека силата на оваа иницијатива лежи во европската димензија. Да ги зголемиме заедничките предизвици за интеграција. Поддржуваме сеопфатност, затоа бараме дел од оваа иницијатива да бидат и Приштина и Скопје, бидејќи без нив иницијативата не би била целосна, изјави Мета.
Ставот за вклучување во иницијативата и на Македонија и на Косово ја промовирал и премиерот Еди Рама, според кого еден од најголемите предизвици на иницијативата е интеграција на што поголем број земји.
Во оваа иницијатива членуваат осум земји- Италија, Словенија, Хрватска, Грција, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.
XS
SM
MD
LG