Достапни линкови

Германија - Русија да влијае за ослободување на набљудувачите на ОБСЕ


Германските власти ја повикаа Русија да го искористи своето влијание врз проруските групи во источна Украина кои во заробеништво држат седуммина набљудувачи на ОБСЕ, од кои четворица се германски државјани. Портпаролот на германската влада Стефен Сеиберт денеска изјави дека целиот тим на ОБСЕ мора да биде ослободен „итно, безусловно и неповредени“.Сеиберт исто така посочи дека Русија треба јасно да се дистанцира од акциите на проруските сепаратисти во градот Славјанск кои пред три дена ги киднапираа набљудувачите. Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер претходно телефонски му упатил слични пораки на неговиот руски колега Сергеј Лавров. Штајнмаер рекол дека руските лидери треба да испратат јасен сигнал до групите што ги држат набљудувачите дека таквите постапки се неприфатливи.
XS
SM
MD
LG