Достапни линкови

logo-print

Во Прилеп и соседните општини се гласа мирно и без проблеми


Гласањето на 142 избирачки места во општина Прилеп се одвива без проблеми. Од Општинската изборна комисија потенцираат дека речиси е ист процентот на излезност до 10 часот, денеска во споредба со гласањето за првиот круг од претседателските избори.

„Изборниот процес се одвива мирно, мислам без проблеми, со иста излезност како претходниот пат. До 10 часот изленоста е 18 отсто за претседателските и 20 отсто за парламентарни избори“, вели Елена Чагороска, претседател на Општинската изборна комисија во Прилеп.
Од дел избирачки одбори пак забележуваат дека до 12 часот бројот на гласачи кои го искористиле своето гласачко право е помал во однос на гласањето пред две недели.

„Запишани се 800 гласачи за парламентарните, а 805 гласачи за претседателските избори. Досега излезноста е 30 отсто до 12 часот“, вели Соња Ѓорѓиоска, заменик претседател на избирачки одбор на изнирачко место 1390 во Прилеп.

„Во споредба со првиот изборен круг од претседателските избори, овој пат гласаа 20 граѓани помалку до овој ист период во текот на денот“, вели Лилјана Талеска, заменик претседател на избирачки одбор на гласачко место 1385 во Прилеп.

Граѓаните имаат јасни и дефинирани очекувања од новиот претседател и новата влада.
„Поарно да биде, да се вработуваат младите, за нас старите, ние сме поминале“.
„Да се зголеми стандардот на луѓето, да има вработување, па ќе видиме што ќе биде“.

Мирно се одвива гласањето и во соседните рурални општини Долнени и Кривогаштани. Во Долнени е забележана мал процент на излезност од 3.2 % за претседателските и 3.8% за парламентарните избори според Општинската изборна комисија. Од општинската комисија во Кривогаштани пак велат дека 11,5 отсто е процентот на излезност и за претседателските и за парламентарите избори.
XS
SM
MD
LG