Достапни линкови

Лавров го обвини Вашингтон за непочитување на договорот за Украина


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров го обвини Вашингтон дека го нарушува женевскиот договор за Украина, со тоа што има дополнителни барања од Москва.
Изјавата на Лавров доаѓа по коментарите на американскиот државен секретар Џон Кери кој изјави дека прозорец на можности за Русија да го смени курсот во Украина е на затворање. Тој рече дека Русија не презела ни еден конкретен чекор за спроведување на договорот постигнат минатата недела во Женева.
Лавров, исто така, рече дека прозападната влада во Киев на крајот ќе се соочат со одговорност за безбедносната операција во источна Украина, која тој ја нарече "крвави криминал."
XS
SM
MD
LG