Достапни линкови

Турчинов - Русија да престане да се меша во Украина


В.д. претседателот на Украина, Олександр Турчинов.

В.д. претседателот на Украина, Олександр Турчинов.

В.д. претседателот на Украина, Олександр Турчинов, ја повика Русија да престане да се меша во внатрешните работи на Украина и да престане со уцените. Во денешното телевизиско обраќање, Турчинов побара од Москва да ги повлече своите сили од украинската граница. Тој ја обвини Русија за „координирање и отворена поддршка на терористите убијци“ во источна Украина и рече дека Украина „нема да се повлече пред терористичката закана“.

Претходно, Русија најави воени вежби во близина на украинската граница. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу соопшти дека вежбите се одговор на украинската акција против проруските сепаратисти и зајакнувањето на силите на НАТО во Полска и во балтичките членки на Алијансата – Естонија, Летонија и Литванија.

Киев претходно почна воена операција за враќање на контролата врз градот Славјанск во источна Украина, каде што досега се јавува за петмина убиени сепаратисти.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека офанзивата на Киев е „сериозно злосторство против сопствениот народ“ и оти ќе има последици.
XS
SM
MD
LG