Достапни линкови

logo-print

Обама во посета на Јапонија


Американскиот претседател Барак Обама, денеска во Токио се состана со јапонскиот премиер Шинзо Абе на разговори за меѓусебната соработка. Обама оцени дека американско – јапонските односи се основа за безбедноста во целиот регион. Тој повтори дека групата острови во Источно Кинеско Море, за кои се спорат Кина и Јапонија, влегуваат во американско – јапонскиот договор за безбедност. Двајцата лидери разговарале и за нуклеарната програма на Северна Кореја, при што Обама изрази надеж дека САД, Јапонија, Јужна Кореја и Кина ќе успеат да го убедат Пјонг Јанг да соработува.
XS
SM
MD
LG