Достапни линкови

На изборите в недела ќе се обележува левиот палец на гласачите


Macedonia - | Macedonia votes to elect new president. Presidential Elections 2014. Skopej- macedonia - 13/4/2014

Macedonia - | Macedonia votes to elect new president. Presidential Elections 2014. Skopej- macedonia - 13/4/2014

На претстојното гласање на вториот круг од претседателските и предвремените парламентарни избори на 27 април гласачите ќе бидат обележани со мастило на палецот од левата рака, соопшти денеска Државната изборна комисија. За таа цел ДИК донела посебно Упатство за гласање, кое заради непречена реализација на изборите, е испратено до општинските изборни комисии во Република Македонија и до сите избирачки одбори кои ќе го спроведат гласањето во дипломатско конзуларните претставништва, односно конзуларните канцеларии во трите изборни единици во странство. На гласањето на првиот круг од претседателските избори на 13 април, гласачите кои гласале беа обележани со мастило на палецот од десната рака.
XS
SM
MD
LG